Никој не може да поверува дека Вилијам Леви се смири со сопругата: Ја изневерил повеќе од 80 пати, објавија дека се разведуваат, сега повторно му простила

Се чини дека љубовта е посилна од сите негови измами...

Срцето на заводникот Влијам Леви го зароби неговата колешка Елизабет Гутиерез, со која беше во брак 18 години.
Сепак, сите зборуваа и знаеја дека Вилијам ја изневерува на секој агол. Таа надмина сè до еден момент, кога во јануари годинава, парот објави дека се разведува, но по се изгледа дека се повторно заедно, а тоа ги шокираше сите!

По 19 години и повеќе од 80 неверства - крај: Вилијам Леви објави дека се разведува од убавата Елизабет

Таа повторно реши да му прости и да ѝ даде уште една шанса на нивната љубов. Имено, шпанските медиуми пишуваат дека поранешната двојка поминала извесно време заедно во Севиља, каде актерот работи на проект, а очевидците тврдат дека делувале среќно и задоволно како во старите времиња.

Парот најпрво уживаше во вечерата со пријателите, а на мрежите споделија фотографии од истите места и не се кријат.


View this post on Instagram

A post shared by Elizabeth Gutierrez (@gutierrezelizabeth_)


View this post on Instagram

A post shared by (@willevy)


Засега ниту Вилијам ниту Елизабет не ги коментирале наводите.

Само неколку месеци претходно, Леви побара од медиумите да не го прашуваат за Елизабета, но тоа барање брзо беше избришано од социјалните мрежи. Во јануари годинава објавија дека се разведуваат.

Тогаш сите велеа дека Елизабет „конечно се вразумила“ и дека повеќе не е „сирота жена која му простува се на својот неверен сопруг“. Сепак, иако парот досега беше видуван заедно, но секогаш во друштво на деца, ова е првпат двајцата да останат сами, што предизвика гласини за помирување.

Сепак, се чини дека парот, кој има две деца заедно, Кристофер и Кејли, нашол начин да ги надмине проблемите.

извор:najzena

Ја изневери сопругата, жените паѓаат во транс кога ќе го видат, а сега го урна интернетот со секси фотка: Каков мачо мен, а ја гази петата деценија (ФОТО)