Никол Кидман со искрена исповед за загубата на детето

Оскаровката Никол Кидман призна дека за време на бракот со Том Круз преживеала два спонтани абортуси. И раскажа за трагедијата. За неа тоа било „огромна болка“. Таа забременила на 23 години, за време на бракот со Том Круз. Така и сепак не можела да го износи бебето, бидејќи бременоста и била ектопична. За случката актерката раскажа во едно интервју.

„Преживеав огромна болка. Постојано и таа ме прогонува секоја ноќ. Ме мачеше чувство на загуба. За спонтаните абортуси никој не кажува, а тоа е огромна трагедија за секоја жена!“.

На крајот на 90-тите години Том и Никол посвоја 2 деца - Изабел и Конор.

"Мајка ми имаше посвоена сестра, и знаев дека и во мојот живот може да се случи нешто слично. Не верував дека сепак ќе ми се случи на толку рана возраст“, призна Кидман.

Кидман забременува втор пат во 2001 година, кога веќе е разведена со Том Круз. И овој пат бременоста завршува трагично.

Сепак актерката успева да добие сопствено бебе: тоа е од бракот со музичарот Кит Урбан.

Во 2008 таа раѓа раѓа девојче - Сенди, а на 28 декември 2010 двајцата имаат и втора ќерка - Фејт, која сепак е родена од сурогат мајка, но во пракса е биолошка ќерка на Кидман и Урбан.

- Преживеав низ таква огромна болка што кога дознав дека ќе имам девојче, сака за вреснам од восхит! - призна таа.