Нина Бадриќ моли за помош: „Имам сосед од пеколот“

Добивај вести на Viber

Пејачката Нина Бадриќ, која немаме често можност да ја видиме изнервирана и лута, сега е речиси непрепознатлива со оглед на она што го преживува последниов период.

Таа на социјалните мрежи објави фотографија од нејзиниот сосед кој направи проблем во целата зграда во која живее и објасни за што се работи.

 -Дали имаш сосед од пеколот? Мојот се вика А.С. Тој направи поплава во неговиот стан, станот на соседите беше поплавен, а јас што живеам горе ги исклучив вентилите за вода од страв да не направам уште поголема штета. Живеам во 21 век без вода осум дена, ја започна својата приказна Нина и продолжи.

- Никој не може да ми помогне, ги повикав сите институции во државата, од градот до полицијата. Дотичниот отишол „на пат“ и не се знае кога ќе се врати и не дозволува мајсторите да го санираат дефектот. Додека тој глуми претприемач, јас живеам осум дена без вода и никому ништо, а верувајте ги повикав сите надлежни институции кои можат да ми помогнат во вакви безизлезни ситуации. Ова е тој драг комшија, па ако некој го види нека дојде да ја поправи штетата. Изгледа дека е посилен од кој било систем, изјавила пејачката со експлозив и закачила фотографија од човекот кој, како што вели, и направил проблеми.

Фото:instagram/ninabadric