Нина Сеничар блесна во екстремно провокативна тоалета на Оскарите: Србинката мамеше заводливи погледи

Добивај вести на Viber

И една Србинка се појави во неделата вечерта на доделувањето на Оскарите, поточно на престижната забава Vanity Fair која со години традиционално се одржува веднаш по самата церемонија. Оваа глам прослава секогаш го собира самиот крем на Холивуд, а овој пат пристигна српската актерка и водителка Нина Сеничар и нејзиниот сопруг Џеј Елис.

Нина на познатиот син тепих се појави во едноставна, но прилично смела облека која ја скокоткаше фантазијата на сите присутни.


Познатата 37-годишна девојка блесна во провокативен фустан во киви-зелена боја со интересни, провокативни отвори на стомакот и градите. Нина со оваа тоалета ја истакна витката линија и убавото деколте, а иако креацијата е многу секси, актерката успеа да изгледа заводливо и елегантно, а нималку вулгарно.

View this post on Instagram

A post shared by Nina Senicar (@ninasenicar)



Изданието го комплетираше со дискретен, едноставен накит, а нам ни се допадна и нејзината фризура - лежерни, меки локни со неколку платинести нагласувања.


 А шминкерите направија полн погодок, маслинестите и златни тонови на капаците ги истакнаа прекрасните зелени очи на Нина.

Дали ви се допаѓа комбинацијата на Нина?