Нипси Хасл убиен пред студио, Ријана шокирана од смртта на славниот рапер

Раперот Нипси Хасл (33) е убиен пред своето студио во Лос Анџелес, пренесува Си-Ен-Ен. Уметникот е застрелан повеќепати од огнено оружје, а во болницата само констатирале смрт, информира „Лос Амџелес Тајмс“. Уште двајца се ранети во престрелката.

„Ова нема смисла“, напиша Ријана шокирана од смртта на својот колега.

Албумот на Хасл, Victory Lap (Победнички круг) беше номиниран за најдобар рап-албум на годинашното доделување на наградите „Греми“. Неговото вистинско име е Ермиас Дејвидсон Асгедом, а израснал во Лос Анџелес каде во тинејџерските години бил дел од бандата Rollin`60s. Подоцна станал организатор на уметнички проекти и на музички настани.

- Живеев во воена зона каде луѓето умираа по улиците, а сите помалку станаа имуни на тоа, рече Хасл минатата година во интервју за „Лос Анџелес Тајмс“.