,

Ништо слично немам доживеано во кариерата: Лекар објави фотка од бебе родено со необичен сувенир во раката

- Морав да го сликам ова! - рече докторот при породувањето, а фотографиите го обиколија светот!

Изборот на контрацепција денес е поголем од кога било, но никој не гарантира целосна заштита, што може да потврди и мајка од Виетнам, која и покрај употребата на спирала, доби бебе на општо изненадување на околината и лекарот.

Таа вели дека ја вградила спиралата за контрацепција пред две години, откако се договорила со сопругот дека после второто дете, не сакаат да го прошируваат семејството со уште деца. Сепак, трета среќа, би рекло ова мало момче што се роди држејќи спирала во раката, како некој сувенир.

Раѓањето се случи во меѓународната болница Хаи Фонг во Виетнам, а бебето се роди потполно здраво.

- Морав да го сликам ова, никогаш не сум видел такво нешто во мојата кариера - вели докторот Тран Виет Фуонг, а фотките брзо го обиколија светот.

Овој доктор им соопшти на локалните медиуми дека бременоста најверојатно се случила затоа што спиралата била поместена од првобитната положба во матката и со тоа ја изгубила својата ефикасност.

Кога спиралата е правилно вградена, таа гарантира заштита од бременост од дури 99 проценти, и трае меѓу пет и 10 години.

извор:zena.blic.rs