Нивната љубов и после 40 години е силна како првиот ден: Голди Хоун и Курт Расел уживаат на овој остров во Грција
Голди Хоун и Курт Расел неодамна уживаа на одмор во Грција, поточно на Скијатос, која е една од нивните омилени европски дестинации и на кои обожаваат да се враќаат.
Голди Хон и Курт Расел се заедно од 1983 година, а ги споила работата, но нивната љубов не се случила на прв поглед. Тие се запознале на снимањето на филмот „Уникатниот, вистински, оригинален семеен бенд“ во 1967 година. Таа тогаш имала 21 година, а тој само 16 и не си „кликнале“ веднаш.
„Го најдов неодолив, но и премногу млад за мене“, признала еднаш Голди.
Но, кога повторно се сретнале на снимањето на романтичната драма „Swing Shift“, 15 години подоцна, тие се заљубиле, што трае до ден-денес. Иако се еден од најдолговечните холивудски парови, тие се уште не застанале пред олтарот, а немаат намера да го сторат тоа.
„Ми се допаѓа што сум му девојка на Курт, и обратно. Среќни сме“, изјавила Голди во едно интервју.
И двајцата имаат пропаднати бракови во кои имаа деца. Курт се ожени со актерката Сезон Хабли во 1979 година, со која беше во брак четири години, а заедно го добија синот Бостон. Од 1976 до 1982 година, Голди беше во брак со музичарот Бил Хадсон, со кој ги доби синот Оливер и ќерката Кејт. Откако татко им се откажал од нив, Курт ги примил и ги одгледал како свои.
По 40 години се уште се заљубени како првиот ден, а сега уживаат во Грција во која секогаш со задоволство се враќаат.ФОТО: Инстаграм/Јутјуб принтскрин