НЛБ Банка со еко акција и ликовен конкурс по повод 10 години НЛБ Месец на штедење

Добивај вести на Viber

НЛБ Банка оваа година одбележува значаен јубилеј, 10 години „НЛБ Месец на штедење“. Во рамки на НЛБ Месецот на штедење, кој ќе трае до 25 октомври, Банката ќе реализира низа активности наменети за децата, а поврзани со конкретна едукативна тема. Темата на која годинава НЛБ Банка го посветува Mесецот на штедење е „Да ја сочуваме нашата планета“, во рамки на која децата на возраст од 5 до 15 години ќе имаат можност да цртаат, на тема „Штедење“ или „Да ја зачуваме нашата планета“ инспирирани од советите на Тиби и Штуки, заштитните ликови на штедењето на НЛБ Банка.

Со оглед на ситуацијата предизвикана од Covid-19 пандемијата, и оваа година, дружењето со Тиби и Штуки, ќе се одвива онлајн, а цртежите ќе можат да се прикачат единствено по електронски пат на веб страницата специјално креирана за оваа намена www.stedenje.nlb.mk. На крајот на октомври најдобрите цртежи избрани со гласање преку веб страницата, како и од страна на посебна комисија составена од реномирани македонски уметници, ќе бидат наградени со парични награди.

По повод јубилејот, а во контекст на годинешната тема, НЛБ Банка, со поддршка на Пакомак, организира награден предизвик и акција за собирање на пластични шишиња во повеќе основни училишта ширум земјата. Имено, во периодот од 27 септември до 25 октомври, учениците од основните училишта треба да носат пластични шишиња во своето училиште, а количината на собраниот пластичен отпад  по завршување на акцијата ќе биде измерена и испратена на рециклирање. Трите училишта кои ќе соберат најмногу пластични шишиња ќе добијат донација од НЛБ Банка, и тоа 3.000 ЕУР за прво-рангираното основно училиште, 2.000 ЕУР за второ- рангираното и 1.000 ЕУР за трето-рангираното основно училиште.

„Навистина сме горди на овој значаен јубилеј, 10 години НЛБ Месец на штедење. Во нашата Банка ова е еден од поомилените настани имајќи ја во предвид заедничката ангажираност на колегите за успешна реализација на истата. Изборот на темите за одбележување на НЛБ Месецот на штедење отсекогаш бил голем предизвик, а ние се стремиме да имаме интересна тема која ќе едуцира и инспирира, но и ќе мотивира на одговорно однесување. Имајќи го тоа предвид, годинава по повод јубилејот, за НЛБ Месецот на штедење избравме една тема која во целост кореспондира со заложбите и активностите кои ги прави Банката во контекст на општествено одговорно делување и одржлив развој. Темата има за цел да го сврти вниманието на јавноста колку е важно децата уште од најрана возраст да научат да се грижат за животната средина, да селектираат отпад и да рециклираат и на тој начин да придонесат кон зачувување на природните ресурси.“ – истакнуваат од НЛБ Банка.

Проектот НЛБ Месец на штедење за прв пат се реализираше во 2011 година. НЛБ Месецот на штедење има забавно едукативен и хуманитарен карактер и  во изминатите години благодарение на овој проект направени се низа донации за институции, организации, здравствени установи и други.

ПР објава