Ноќ во соба од 1.000 долари, огромен базен и теретана: Вака Милош Биковиќ го прослави својот 35-ти роденден

Добивај вести на Viber

Еден од најуспешните млади актери Милош Биковиќ го прослави својот 35-ти роденден во друштво на својата девојка Ивана Малиќ во престижниот француски ски-центар „Le Refuge de Solaise“.

Двајцата неколку дена престојуваа во многу скап и луксузен хотел и додека преку ден уживаа во сите убавини кои ги нуди снегот и скијањето, вечерта беше предодредена за максимално уживање.

View this post on Instagram

A post shared by (@ivanamalic_)


Изгледа дека на Милош не му била грижа за цената кога е во прашање неговиот зимски одмор годинава, па на „Букинг“ можевме да видиме дека една ноќ во хотелот во кој Биковиќ престојувал со својата девојка чини речиси 1.000 евра.

Со оглед на тоа колку напорно работеше во изминатата година, не е чудно што сакаше да помине неколку дена со својата поубава половина во популарниот ски-центар и да ужива во сите свои сетила.

View this post on Instagram

A post shared by (@bikovic)


По многу напорна измината година, ова е начин да ги „наполни батериите“ за новите подвизи кои му претстојат. Неговата девојка Ивана на својот Инстарам профил сподели неколку фотографии и потврди дека е со своето момче во престижниот скијачки центар.



Самиот Милош објави неколку нивни фотографии на Инстаграм и можеме само да кажеме - преслатки се.

View this post on Instagram

A post shared by (@bikovic)


Погледнете го хотелот во кој престојуваа Ивана Малиќ и Милош Биковиќ.

View this post on Instagram

A post shared by The Eagles Nest Chalet (@eaglesnest_valdisere)


Извор: glossy.espreso.rs