Ноне на вечера со мистерозен маж: Кој е згодниот фраер-капетан покрај неа?

Сите знаеме дека харизматичната пејачка Ноне Неделковска години наназад работи на бродови кои крстарат на повеќе дестинации.

Таа често знае со обожавателите да сподели места на кои ужива и му се насладува на животот а последните приказни на Инстаграм го привлекоа нашето внимание.

Имено, црвенокосата русокоса објави дека е на вечера со непознат маж.

Иако првата фотографија е заматена, од неговата униформа може да се заклучи дека станува збор за капетан. 

Веќе на втората фотка нашата констатација се потврди, а двајцата позираат селфи во лифт.

Според тагот станува збор за извесен Филип, а дали тој е новото момче на Ноне или е нејзин колега, останува да ни открие самата пејачка.


ФОТО: Инстаграм


После Барбадос, стигна во Куба: Ноне знае како да ужива во животот (ФОТО)