После Барбадос, стигна во Куба: Ноне знае како да ужива во животот (ФОТО)

Ноне Неделковска, шарматната пејачка која остана запаметена по нејзиното учество во регионалинот музички натрпевар „Идол“ веќе 10 години работи на бродови кои крстарат на повеќе дестинации. 

Во септември додека беше на одмор во својот роден Велес, Ноне ни откри дека ќе оди на Карибите, а токму од таму се и нејзините најнови објави на социјалните мрежи.

Имено пред неколку дена беше во Барбадос, а деновиве пак ужива во убавините на Куба.

Имено во комплетно црна модна комбинација, совршена за вакви прошетки, Ноне покажа како изгледа Куба преку ден, но и навечер.