Во претходниот живот сигурно сум била родена на Карибите: Ноне секси во едноделен костим ужива во Барбадос (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Ноне Неделковска, шарматната пејачка која остана запаметена по нејзиното учество во регионалинот музички натрпевар „Идол“ веќе 10 години работи на бродови кои крстарат на повеќе дестинации. 

Во септември додека беше на одмор во својот роден Велес, Ноне ни откри дека ќе оди на Карибите, а токму од таму се и нејзините најнови објави на социјалните мрежи.

View this post on Instagram

A post shared by (@nona.nedelkovska)


- Во претходниот живот сигурно сум се родила некаде на Карибите- напиша Ноне во описот на фотографијата, на која блеска во секси едноделен костим за капење во магента боја, со акцент на нејзиното препознатливо деколте.

Инаку таа работи на брод како советник за убавина во фришоп, а за овие десет години, посетила повеќе земји, и вели дека имала незаборавни искуства.