Нов циклус обуки од Мотива Центарот за менаџмент образование и обука во проект поддржан од Фонд за иновации и технолошки развој

Добивај вести на Viber

Доколку посакувате во наредните години да станете Специјалист за човечки ресурси, Специјалист за продажба, Специјалист за ИТ, Специјалист за набавки, Специјалист за маркетинг или Специјалист за финансии - присуството на една од овие on line во живо обуки е првиот чекор кон големата цел.

Мотива испорачува шест обуки од проектот Одржливи вештини за раст и развој-Sustainable skills for Growth and Development, проект поддржан од Фонд за иновации и технолошки развој.

Обуките се посебно дизајнирани програми, наменети за насочување и почеток на едукација на невработени, студенти или вработени, кои сакаат да градат кариера и да се специјализираат и работат во една од горенаведените дејности  во наредните неколку години во рамките на секторите и одделенијата за човечки ресурси, продажба, маркетинг, набавка, финансии или информатичка технологија во јавен и приватен сектор или во своја компанија.

Мотива Ве поканува за учество во обукaво живо on-line(преку Zoom) за вештини, алатки, знаење и начин на размислувањекои ви се потребни за да станете специјалистна работното место што го посакувате.

- Обука за Специјалист за човечки ресурси 20,21,22 Дек.  од 18-20,00 часот

- Обука за Специјалист за ИТ 10,13,14 Дек.  од 18-20,00 часот

- Обука за Специјалист за продажба   10,13,14 Дек.  од 18-20,00 часот

- Обука за Специјалист за маркетинг   06,07,09 Дек.  од 18-20,00 часот

- Обука за Специјалист за набавки   01,02,03 Дек.  од 18-20,00 часот

- Обука за Специјалист за финансии   06 07,09 Дек.  од 18-20,00 часот

Проектот е поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој

Секоја поединечна насочувачка обука е организирана во шест модули кои овозможуваат развој на вештини и знаења кои заедно со другите посочени извори на учење и практична работа, во наредните неколку години ќе им помогнат на учесниците на обуката во специјализирање и професионален развој, во секторите и одделенијата или во отворање на свој сопствен бизнис во дејноста за која се заинтересирани.

Обуката во траење од 3 дена по 2 часа е исполнетасо активно искуство за учење,  вмрежување, менаџмент игри,повеке спикери, панели, работа во помали тимови. Секој учесник добива сертификат за завршена обука.

Цената за учество во поединечните обуки е:

-за физички лица-невработени, студенти и вработени  Ден. 2.900.00 (2.457,63 +  ДДВ 18%  442,37 ден) 

-за правни лица-по вработенДен. 8.500 (7,203.39 + ДДВ 18% 1,296.61 ден)

Доколку сакате повеќе информации од претставниците на Мотива, побарајте на тел. 070 358 680  и  02/3061114 или контактирајте на email:motiva@t.mk

ПР објава