Нов живот и многу откажувања: Состојбата на Дарко Лазиќ

Добивај вести на Viber

Дарко Лазиќ, кој на 23 октомври доживеа стравична сообраќајка, се разбудил од кома и комуницира со лекарите, но прашање е дали и без апарти ќе може нормално да дише.

Пејачот сега е надвор од животна опасност, а опоравувањето во вакви случаи трае и повеќе од година дена.

- Дарко ќе мора да го промени животот од корен. Нема веќе пеење, лудување, како ни брз живот. Тој некое време ќе мора да користи „вештачки бели дробови“, бидејќи неговите ќе мора да се опоравуваат и штедат. Дарко нема да може да работи ништо сам, ќе мора да има домашна нега и некој искусен кој за него ќе се грижи, барем некое време - велат негови блиски пријатели.

Лазиќ доживеа тешка повреда на белите дробови, акутен респираторен дистрес и контузија, која може да биде една од причините за „откажување“ на белите дробови, наведуваат српските медиуми.