Нова хероина: 10 помалку познати факти за Наоми Осака
Наоми Осака во финалето на УС Опен ја совлада домашната тенисерка и фаворитка во овој меч, Серена Вилијамс (6:2, 6:4).
Серена во овој меч направи вистински хаос поради двете опомени и казнетиот поен кој го доби во третиот гејм од вториот сет.
„Не се служев со валкани трикови. Имам дете кое го учам да биде чесно, не направи ништо спротивно правилата. Никогаш не ми се случило вакво нешто“- му се обрати тенисерката на судијата.
Наоми Осака веќе се запиша во историјата како прва јапонка што играла во финалето на Гренд Слем, а во саботата попладне, и со освојувањето на нејзината прва Гренд-слем титула на само 20 години!
Таа е професионален играч од 2013-та година и го привлече вниманието на светот со своите победи на неколку врвни тенисерки меѓу кои Анжелик Кербер, Марија Шарапова и Каролина Плишкова, и сегашниот светски тенис рекет број еден, Симона Халеп. Во моментов е 19 во рангирањето на Женската тениска асоцијација.
Еве што треба да знаете за растечката тениска суперѕвезда / новото дете на теренот.
1. ИМА 20 ГОДИНИ
Наоми Осака е родена во Осака, Јапонија во октомври 1997-ма година. Таа потпиша договор со Јапонската асоцијација за тенис во септември 2013-та година, кога имаше 16 години, а потоа почнала да игра професионално.
2. ОФИЦИЈАЛНО ЈА ЗАСТАПУВА ЈАПОНИЈА, НО ИСТО ТАКА И ХАИТИ
Осака има двојно државјанство, на Јапонија и САД, има мајка од Јапонија и татко од Хаити. Таа израснала во Њујорк, и сега живее со своето семејство во Флорида, каде што се обучува. Но, таа неколку пати споменува дека е горда што ја претставува не само Јапонија, туку и Хаити.
3. РАЗБИРА, НО НЕ ЗБОРУВА ЈАПОНСКИ
На прес-конференцијата откако победи на Австралискиот Опен, таа беше изненадена кога и поставија прашања на јапонски. Осака не зборува течно, но разбира јапонски и сака да го научи јазикот.
4. НЕЈЗИНАТА СЕСТРА Е НЕЈЗИН ПАРТНЕР ВО ТЕНИСКИ ДВОЈКИ
Марија Осака, постара сестра на Наоми, исто така е про-тенисерка која ја претставува Јапонија. Двете се натпреваруваат заедно како двојки партнери.
5. ИМА ИСКЛУЧИТЕЛНО СИЛНА СЕРВА
Во 2016-та година, на УС Опен, сервата на Осака достигна рекорд со брзина од 125 км / ч - брзина што само девет женски тенисери во историјата некогаш ја достигнале. Нејзиниот форхенд е исто така доста силен, со 100 км / ч.
6. ОСАКА Е „ПОКЕМОН НЕРД“
На една од нејзините прес-конференции, новинар ја праша за нејзините цели и амбиции. Таа го даде најдобриот одговор - "to be the very best that no one ever was." Тогаш откри дека тоа е всушност порака и насловна песна од цртаниот филм „Покемон“.
7. САКА ИГРИ И „МЕМИЊА“
Често знае да даде одговор или да се изјасни со некое „меме“. Исто така многу сака да игра видео игри од кои омилена и е „Overwatch“.
8. НАТПРЕВАРОТ СО СЕРЕНА И БИЛ НАТПРЕВАР ОД СОНИШТАТА
„Кога бев мало дете, секогаш сонував дека ќе играм со Серена во финалето на Гренд слем", изјави Осака еднаш за Би-Би-Си.
9. ОВА НЕ И Е ПРВИОТ МЕЧ СО СЕРЕНА ВИЛИЈАМС
Уште во март, младата тенисерка веќе се соочи со Серена на Мајами Опен. И тогаштаа победи, ФИИ. Но, ова беше веднаш откако Серена се породи.
Вилијамс, тогаш, им изјави на новинарите дека Осака е одличен играч. -Таа е навистина млада и навистина агресивна, - рече таа.
10. НЕЈЗИНОТО СЕМЕЈСТВО ИМА КУЧЕ СО ИМЕ ПАНДА
Панда, црно-белото кученце на Осака, е супер симпатично!