Нови шокантни обвинувања против Елен Деџенерис: Малтретирала 11-годишно дете

Добивај вести на Viber

Елен Деџенерис веќе некое време се соочува со повеќе обвиненија, под истрага е за вознемирување на работниците кои се дел од нејзината позната емисија.

Елен Деџенерис, миленичка на американската јавност, минува низ тежок период. Откако започна истрагата заради мобинг и расизам зад сцената на нејзината емисија „Елен“, сега се појави ново обвинение.

Според „Мирор“, пред 40 години, пред да стане позната, Деџенес наводно се однесувала сурово кон Бен Граволет, син на нејзиниот тогашен шеф, кој имал само 11 години и кого го нарекувала „дебел“ и „глупав“. Таа, наводно, ја исмевала неговата облека и уживала во овие непријатни сцени.

- Престанав да одам во канцеларијата на мајка ми после училиште или кога бев болен, кога Елен беше таму - изјави Бен за британскиот Дејли Меил.

- Таа ме критикуваше за мојата тежина. Се обидував да си ја вршам домашната задача, а таа ме нарекуваше глупав, ме нарекуваше дебел. Таа ја коментираше мојата облека - се сеќава тој. - Јас бев само момче, и таа беше возрасна жена која уживаше во себе додека јас бев видливо вознемирен.

Бен, кој денес има 25 години, изјави дека комичарката е „најлошото, најкорумпираното, најлошото лице“ и дека малтретирањето што го доживеал од неа, имало последици по неговиот живот. Тој истакна дека вознемирувачки го гледал нејзиното искачување на врвот на Холивуд и ги слушал сите пофалби за Елен Деџенерис, цело време знаејќи дека таа е лоша личност.

- Кој може да има задоволство од нанесување болка на дете? Додаде тој на крајот.

Судбината на Елен е неизвесна, се зборуваше и за прекин на нејзиното шоу.

извор: glossy.espreso

(ВИДЕО) Елен е грижлива ќерка: Ја потстрижа мајка си, за 90-от роденден