(ВИДЕО) Елен е грижлива ќерка: Ја потстрижа мајка си, за 90-от роденден
Во 2019 година, Елен зборуваше дека се грижи за мајка и Бети, цел живот.
И уште еднаш Деџенерис, покажа дека е грижлива ќерка, и ја среди косата на мајка и Бети за нејзиниот 90-ти роденден.
Иако Бети не беше воодушевена од подарокот, прашувајќи се „Зошто дозволувам да го правиш ова?“ во објавеното видео од потстрижувањето.
За време на видеото, водителката на ток-шоу се обиде да ги смири стравовите на мајка си кажувајќи и дека не ја потстрижува толку кратко, само врвовите.
„Не користиш ножици?“ праша Бети кога ја виде машинката.
„Верувај ми, не сакаш да користам ножици“, Елен.
Откако заврши, Деџенерис праша дали на нејзината мајка и се допаѓа фризурата.
„Сè уште не, но штом еднаш ќе ја измијам ... ох, навистина ја скрати кратко“ - рече Бети кога се виде.
Во 2019 година, Елен зборуваше за цврстата врска со мајка и, особено од кога го оставила нејзниот очув, за кој Елен призна дека тој ја злоставувал кога таа била тинејџерка. Елен ја чувала вистината од нејзината мајка за да ја заштити.
„Тогаш таа не ми веруваше, а потоа остана со него уште 18 години. И, конечно, го напушти затоа што смени приказната толку многу пати “, рече Елен.