Ново откритие: Чаша топла вода со лимон наутро и не е толку здрава како што мислите

Добивај вести на Viber

Навиката што ја популаризираа Бијонсе и Џенифер Анистон можеби не е толку здрава.


Многу луѓе го започнуваат денот со пиење чаша топла вода со лимон бидејќи веруваат дека е добра за црниот дроб и го стимулира дигестивниот систем. Лекарите, сепак, предупредуваат дека има малку или никакви медицински докази дека тоа има смисла и дека всушност може да им наштети на нашите заби.

-Топлата вода и лимонот погрешно се фаворизираат како лек. Алармантно е колку тој пијалок може да ги оштети забите. И треба да знаете дека во многу случаи штетата е трајна“, вели стоматологот Хана Вулно, портпарол на Британската стоматолошка асоцијација.

Стоматологот д-р Нилеш Пармар за „Дејли мејл“ истакнува дека се сомнева дека токму овој напиток е виновен за зголемувањето на кариес.

Хирургот д-р Дејвид Лојд изјавува дека нема докази кои го поткрепуваат тврдењето дека пиењето топла вода со лимон ќе го исчисти или детоксицира црниот дроб.

-За да го направите тоа, треба да престанете да пиете алкохол или да земате дрога. Ова, заедно со доволно вода во текот на денот, ќе одржи здрав црн дроб. Чаша топла вода со лимон не може да го направи тоа, тврди тој.

Гастроентерологот д-р Стивен Ман додава дека има само малку докази дека водата со лимон го помага нашето варење.

-Водата со лимон е добра само за рехидратација. Уште повеќе, луѓето кои се чувствителни на рефлукс ќе откријат дека топлата вода со лимон ќе ги влоши нивните симптоми, објасни тој.

Топлата вода со лимон стана популарна во 1941 година кога американскиот диететичар Стенли Бароуз го осмисли „Главниот чистач“, диета која рекламираше течно чистење со пијалокот како природен начин да се исчисти телото од токсини, пестициди и други нечистотии.

Фото:Freepik