Новогодишна бајка во домот на Лидија Вукичевиќ: Се погрижи секој детаљ да е посебен
Актерката ужива во празничната атмосфера, а сите се воодушевени од тоа како го има украсено домот...
Популарната актерка Лидија Вукичевиќ го украси својот дом за претстојните празници и ја покажа новогодишната магија во своето катче.
Лидија ја сними празличната атмосфера од елката, разните украси, лампионите, а сето тоа изгледа преубаво, со што може да застане рамо до рамо со светските ѕвезди, кои ангажираат декоратери и трошат милиони на декорации, кога е во прашање изборот на најубаво украсен дом.
Таа мислела на секој детаљ, така што не постои катче кое не е посебно украсен, огромната елка изгледа беспрекорно, а особено внимание привлекуваат и ружите кои ги има украсено.
„А кога ќе живееме ако не сега? Среќни празници и живејте го секој момент, бидејќи животот е убав“ - напиша актерката во описот на објавата.
Лидија позираше покрај елката во баде мантил со шолја во рака, а глетката ги воодушеви нејзините следбеници, па така само позитивни коментари пристигнуваа на нејзина адреса.