Новогодишни подароци од Халкбанк и празнична атмосфера споделени со дечињата со церебрална парализа од здружението Златни Ангели

Добивај вести на Viber

Децата со целебрална парализа кои заедно со нивните родители се дел од Советoт на родители на деца и лица со церебрална парализа Златни Ангели, имаа убава можност да ја видат и почувствуваат магичната атмосфера на еден од најубавите божиќни маркети во Европа и притоа да поминат едно убаво попладне во забава и дружба со најпознатото слонче Халки.

Во пресрет на Новогодишните празници, Халкбанк во рамките на своите општествено одговорни активности се потруди на овие деца да им овозможи да ја почувствуваат магијата и среќата, што вообичаено треба сите да ја чувствуваме за новогодишните празници, да ги развесели со убава атмосфера и подароци и да им покаже дека и тие се исто толку важни како што е важно секое дете во општеството.

„Празниците се важни бидејќи тоа се периоди кога споделуваме моменти на среќа, на радост и на хуманост. А ние како општествено одговорна компанија, овој пат, посакавме да ги споделиме радоста, нашето вниманиe, но и магичната атмосфера од најубавиот Божиќен маркет во Европа со прекрасните деца од здружението Златни Ангели. Преку оваа акција покрај радоста од разведрувањето на нивното расположение, тука е и радоста од поместувањето и проширувањето на сите непотребни граници. И тоа за нас е вистинска празнична магија која сакаме да ја делиме.” вели Билал Суџубаши, Главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Со новогодишната донација, Халкбанк ја честита и ја заокружува оваа 2022, како уште една година посветена на бројни социјално одговорни, и проекти насочени кон кревање на јавната свест и кон заштита на животната средина. 

ПР објава