Нутритивни причини зошто да консумирате чоколадно млеко
Чоколадното млеко, не само што со сигурност е еден од омилените млечни производи уште од детството, туку претставува многу повеќе од обично слатко задоволство. Овој напиток изобилува со хранливи придобивки, покрај неодоливиот, чоколаден вкус.
Спојот млеко и чоколадо, односно какао носи здравствени придобивки од двете страни, млеко го снабдува организмот со протеини, кои содржат сурутка, минерали како калциум, калиум, витамини, а од друга страна за какаото важи дека е моќен антиоксиданс.
Уште повеќе збогатен состав и засилена нутритивна вредност има млекото кое е со додадени витамини, како што е Битолското чоколадно млеко со 10 витамини.
Така, со состав што го храни нашето тело и избалансиран избор од најпотребните витамини, чоколадното млеко нуди многу причини за да се консумира на дневна основа. Ова се неколку од најважните причини:
1. Претставува вистинска нутритивна бомба
Експертите за исхрана препорачуваат возрасните да консумираат млеко и млечни производи секојдневно, бидејќи млекото е еден од врвните извори на клучни хранливи материи. Битолското чоколадното млеко обезбедува десет основни хранливи состојки, вклучувајќи калциум, витамин Д и калиум, како и протеини, витамини А и Б12, рибофлавин и фосфор.
2. Го зголемува нивото на калциум
Според Националните институти за здравство, повеќе од 50 проценти од момчињата на возраст од 9 - 13 години, девојчињата на возраст од 9 - 18 години, жените над 50 години и мажите над 70 години не ги исполнуваат своите дневни потреби за калциум.
Битолското чоколадно млеко има одличен нутритивен профил кој обезбедува значителни количини калциум што го обезбедуваат дневниот внес од овој витамин.
3. Помага при изградбата на коскената маса
Коските растат во текот на детството и адолесценцијата, при што максималната коскена маса се јавува околу 30 - тата година од животот. Колку повеќе коскена маса имате во моментот на максимална коскена маса, толку е помала веројатноста да скршите коска или да развиете остеопороза подоцна во животот. Исполнувањето на дневните потреби на калциум и витамин Д со консумирање храна богата со калциум, како што е чоколадното млеко или други млечни производи, како јогурт и збогатени житни култури, може да помогне во изградбата на силни, здрави коски и да го намали ризикот од остеопороза.
4. Одличен напиток за после тренинг
Споредено со сок, вода или некои спортски пијалаци, уникатната мешавина на јаглени хидрати и протеини во чоколадното млеко, е идеална за закрепнување на изморените мускули. Неговата висока содржина на вода ги заменува течностите и електролитите кои се губат за време на вежбање, а фактот што вклучува одличен баланс на натриум и шеќер - може да ви помогне да останете хидрирани подолго и да ја вратите енергијата.