Облечени како суперхерои: Бебиња на интензивна нега ја слават Ноќта на вештерките

Добивај вести на Viber

Новородени бебиња на одделот за интензивна нега во една болница во Тексас ја поминаа својата прва Ноќ на вештерките во преслатки минијатурни костими.

Бабицата Кортни Сандерс рачно плетеше и правеше костуми за секое бебе на одделот, пренесува NBC 5.

Некои бебиња се маскирани во популарни ликови како Супермен и Бетмен.

„Понекогаш вистински суперхерои живеат во срцата на мали деца кои водат големи битки“, е насловот заедно со неколку преслатки фотографии објавени на социјалните мрежи.

View this post on Instagram

A post shared by Texas Health Resources (@texashealth) on


Има и бебиња облечени во животински носии како лав, жаба или бубамара.

Проверете ги слатките бебешки фотографии: