Обожува постари жени, го поврзуваа со фолк пејачка: Хрватскиот фудбалер Гвардиол едвај се брани од љубовните понуди

Добивај вести на Viber

Дамите едноставно лудуваат по хрватските репрезентативци

Хрватската фудбалска репрезентација синоќа повторно приреди сензација и на Светското првенство во Катар го елиминира моќниот Бразил и со тоа се пласираше во полуфиналето.

Момците кои ја претставуваат Хрватска на Мундијалот се покажаа како самиот крем на светскиот фудбал, а регионалната и светската јавност сè повеќе се интересира за нивниот живот надвор од терените.

View this post on Instagram

A post shared by (@josko_gvardiol)


Тоа особено е случај со многу атрактивни фудбалери, меѓу кои е и Јошко Гвардиол (20), инаку дефанзивец на бундеслигашот „Лајпциг“.

Младиот спортист неодамна гостуваше во емисијата „Књаз код Ватрених“ на ХРТ каде зборуваше за многу теми, меѓу кои и за својот љубовен живот, кој делува многу возбудливо.

- Не сум во врска, живеам сам, а колку што понекогаш ми треба мир, понекогаш ја чувствувам и таа осаменост, депресија, ми недостига семејството - призна хрватскиот фудбалер.

View this post on Instagram

A post shared by (@josko_gvardiol)


Како што истакнува Гвардиол, не му недостигаат љубовни понуди, а кога минатиот пат се сретнал со репрезентацијата му пришла една многу храбра девојка.

- Ах, минатиот пат на собирот на репрезентацијата ми пријде една девојка и ми даде лист со нејзиниот Инстаграм профил - рече тој и додаде кои критериуми треба да ги исполнува идната госпоѓа Гвардиол.

- Каква девојка мора да биде? Бојата на косата не е важна, но јас сакам сини очи. И таа да биде пониска од мене, барем на некој начин да бидам глава на семејството! - се пошегува спортистот.

View this post on Instagram

A post shared by (@josko_gvardiol)


Како што вели Гвардиол, за него најубави жени на планетата се Анџелина Џоли, Шакира и пред сè Џенифер Лопез, а не крие дека особено му се допаѓаат постари жени.

- Малку постара, да, да. Целиот сум во тој стил – искрен е тој.

Иако е многу млад, Гвардиол имал искуство и со озборувања за неговиот приватен живот, па извесно време се зборуваше дека е во врска со фолк пејачката Оливера Матијевиќ од Задар, која била 13 години постара од него, а која учествувала во реалното шоу „Мистер перфект“ што таа подоцна демантираше.

View this post on Instagram

A post shared by @ivan_crnkovic1


Извор: glossy.espreso.co.rs