Од Лил, преку Милано до Комо: Елена Петреска на романтичен викенд со сопругот
Поп-пејачката Елена Петреска која замина да живее во Белгија, постојано изненадува со фотографии од најразлични локации на нејзиниот Инстаграм профил.
Очигледно дека ужива во прошетките низ Монс каде во моментов живее со нејзиното семејство и кое е само 50 километри оддалечено од Брисел, но често ги посетува Франција и Холандија.
Последните нејзини објави се од Франција и Италија.
По инстаграм приказната очигледно на Петреска и недостасува Националната опера и балет, каде што беше вработена тука во Скопје, па не одолеала ниту на оваа институција додека е во посета на францускиот град Лил. Елена направила кратко видео од оваа фасцинантна градба.
Од таму Петреска со сопругот Андреј заминале на романтична прошета низ Милано, поточно во Галерија Виторио Емануеле II, културно здание кое е спој на средновековниот раскош и модерниот луксуз.
Романтичната прошетка парот ја заокружи со посета на градот Комо, честа дестинација на познатите светски ѕвезди. Шармантен град кој е на само 40-на километри од Милано.
Фото: Инстаграм