Од Македонија низ светот секаде се користи нашата каша од вишна

Добивај вести на Viber

Започна сезоната на преработка на вишна во каша од вишна која се користи во производното портфолио на Вива соковите. Овошната каша од вишна е создадена од најквалитетните сочни вишни од овоштарниците во Валандово и Валандовско. Вивакс како најголем производител на природни овошни каши во Македонија и регионот е меѓу ретките компании кои користат сопствена овошна каша осигурувајќи ја целосната контрола на квалитет на соковите. Покрај за своите потреби, дел од овошната каша се извезува и на различни пазари низ светот.

ВИВА е единствена компанија во Македонија и пошироко која покрај најширокото портфолио на природни овошни сокови има и сопствени капацитети за преработка на овошје од нашето поднебје. Во ВИВА се преработуваат најквалитетните македонски вишни, праски, јаболка и капини. Овошната каша ја користиме за производство на нашите сокови, но се извезува и во други земји како Романија, Унгарија, Бугарија, Алжир, Русија и слично каде најмногу се користи за производство на детски кашички, кондиторски производи и слично. За нас е особено важно дека целиот процес, од избор на овошје до преработка и производство на овошна каша и готов производ се прави во нашата фабрика.– изјави директорката на производство на Вива г-ѓа Марија Петкоска.

Компанијата Вивакс за преработка на овошната каша и контрола на квалитетот користи најсовремени производствени капацитети, како и микробиолошка и хемиска лабораторија. Технологијата која се користи овозможува задржување на витамините и хранливите состојки од овошјето. Она што е уште поважно е стручноста и искуството на тимот, составен од врвни професионалци во сите сегменти и технолози кои континуирано работат на развој на нови производи.

Менаџерскиот тим на Вива ја истакнува важноста за континуирано вложување во модернизација на производствените капацитети. Само на тој начин може да се обезбеди создавање на висококвалитетни производи и задржување на лидерската позиција на пазарот.

Како компанија која постои на македонскиот пазар речиси три децении, се грижиме да набавуваме овошје од македонски производители. Валандовската вишна е позната по својот квалитет и хранливите состојки. Кашата од вишна ја има во повеќе Вива сокови, а оние кои ги конзумираат производите од нашето портфолио имаат можност да го почувствуваат највкусното овошје во својата чаша. Верните потрошувачи се нашиот најважен партнер. Особено сме горди што гледаме дека тие го препознаваат врвниот квалитет и вкус, и ги бираат Вива соковите за себе и своите најблиски. Бирајќи домашни производи ја поддржуваме и нашата економија и производители. – велат од тимот на Вива.

Преку овие фотографии успеваме да видиме дел од процесот на производство на соковите кои ги пиеме.

По вишните доаѓа периодот на производство на овошна каша од праска. Од Вива велат дека периодот на производство на овошните каши за нив е меѓу омилените процеси бидејќи имаат можност да видат од близу како од најдоброто овошје од природата, се создава неодолива магија на вкусови за потрошувачите. 

ПР објава