Од мала се борам со вишокот килограми, сега тоа е минато: Гевгеличанката Сара открива како изгубила 40 килограми за 8 месеци
Сара Маркова од Гевгелија уште од мала возраст се бори со вишокот килограми, но за сета среќа, како што вели самата сега тоа е минато. Стравот од болести бил пресуден да се обрати кај нутрицонист. За Женски магазин, оваа 23 годишна гевгеличанка ја раскажа приказната како успеала да намали 41,5 килограми за осум месеци.
-Имам, 23 години и за 8 месеци намалив 41.5 килограми а од обем на стомак 46 цм. Вкупно на обем од критичните делови на телото изгубив 2 метри и 22 цм. Можеби ова сето звучи неверојатно но истото е вистинито.Јас не бев само на специјална исхрана тоа беше само дел од овој процес на трансформација. Сакам да дадам голем акцент на физичката активност, дисциплинта, трудот, вербата за успех, ја почнува приказната Сара Маркова.
„Стравот од болести! Сите ние сме свесни дека гојазноста е голем ризик фактор за настанување на хронични болести.Подобро да се спречи отколку да се лечи.Стравот од вирусот стравот од општата состојба со пандемијата.Желбата за добар изглед за добра облека.Со моите килограми јас буквално се чувстував како заробена во сопственото тело.Вишокот килограми ми оневозможуваше да си ги извршувам лесно секојдневните активности имав потешкотии во движење Исто така лошата крвна слика со нарушени параметри (триглицериди и холестерол) беше важен аларм за промена кон нов начин на живот“, беше главен мотив да го променам начинот на живот и да се обратам кај нутриционистот Ивица Јанев“ , открива Сара.
Како почна приказната ...
-Кога прв пат дознав за Ивица и Елена и кога ги видов
трансформациите на многу луѓе за мене беше нешто неверојатно. Се почна од
иновацијата на Ивица , со еден посебен режим Cleansing , на кој се пријавуваа кандидати за трансформација. Кога
го видов тоа си реков ајде што немам пробано ќе пробам и овде. Сакам да
напоменам дека претходно сум пробала милион начини за да намалам килограми, но сите тие се испоставија дека се
неуспешни. Првиот контакт со Ивица е тој што мене ми даде верба дека има
шанси. Со тоа што кога му кажав дека имам 124.500 килограми тој не реагираше
како што би реагирале останатите луѓе. Туку ми кажа дека ќе успееме дека сѐ ке
сѐ среди. Јас им верував и еве сега заедно постигнавме многу-додава Маркова.
Тежок почеток...
-Секој почеток е тежок за било што и да станува збор. Исто така и процесот на губење на килограми не е едноставен, и е пат кој се оди чекор по чекор.Нормално најмногу ми помогнаа Ивица и Елена, кои буквално како да ме држеа за рака низ целиот процес. А посебен акцент сакам да ставам на моментот кога тие дојдоа да ме посетат кога ми беше најтешко ,и кога бев на пола пат од мојата трансформација. Секојдневниот контакт, буквално во било кое време и да ми требаа тие беа достапни за мене. А да не зборувам за индивидуалните програми кои се волшебни.Тие програми се толку неверојатни што за мене беше чест и задоволство да ги следам. Немаш шанси за грешка Ивица има толку убаво објаснато се. Исто така ти дава голем мотив,бидејки тој знае доколку се придржаваш на неговите програми колку килограми треба да се изгубат и за колку време. И овде воедно сакам да им изразам огромна благодарност што ме научија како правилно се живее. Огромна благодарност и до моето семејство што ме подржуваше низ цел овој процес, раскажува Сара и додава: .
„Јас буквално немав
време да размислувам што ми е тешко а и немав посебна желба за одредена храна
бидејки имав огормна мотивација и поддршка од страна на Ивица и Елена. Буквално
размислувањето надвор од програмата кај мене придонесуваше непријатно чувство. И
за прв пат се придржував максимално до некои правила поради тоа што сето тоа
мене неверојатно ми се допаѓаше“.
Исхрана, вежбање, падни стани моменти ...
Сара открива дека нејзината исхрана се состоела од балансиран внес на јаглехидрати, протеини и масти и многу тренинг, вода и потење.
„Кога почнав со трансформација сакав секогаш повеќе и повеќе и сето тоа придонесе сега да се чувствувам одлично, лесно, среќно, позитивно, исполнето. Почетнички беше тешко,тоа јас го споредувам со дете што учи да оди и првите чекори. Падни, стани но кога имаш таква поддршка до себе како Ивица и Елена сето тоа е занемарливо. Сега обожавам да тренирам, спремна сум за секакви нови предизвици во спортот. Таму го наоѓам сопствениот мир. Ден без тренинг за мене не е исполнет ден. Не ми се верува дека од човек што му беше тешко да оди станав девојка која обожава да тренира-емотивно ни раскажува Сара.
Нејзината порака е охрабрувачка ...
Никогаш не е доцна, се
е возможно, имаме многу примери околу нас за неверојатни трансформации. Никоја
храна на светот не може да биде подобра од чувството на самодоверба , исполнетост
а и од комплиментите кои ке ги добивате подоцна. Не се откажувајте! - порачува Сара.
Нејзината цел е никогаш повеќе да не се врати на старо, а си посакува по некое мускулче . Она што ја исполнува е вежбањето, времето поминато со пријателките и семејството кое се нејзина најголема поддршка.
Ирена Ставрова