ОД МИС НА МАКЕДОНИЈА ДО ЉУБОВТА НА ДАНИЕЛ: Сите титули на Кристина, сопругата на Кајмакоски
Беше една од нашите најангажирани манекенки, и редовно освојуваше титули за убавина. Кристина Димитријевска од Тетово, пред да се омажи за познатиот пејач Даниел Кајмакоски, имаше активна манекенска кариера.
Зимска убавица е една од нејзините титули.- Кристина во 2013 година
Кристина, како поранешна членка на модното студио „Црнокрак“ беше Мис на Македонија за Мис Глоуб, Новогодишна убавица на Балканот, Зимска убавица на Македонија, Мис тело на изборот на Мис за Струмица. Речиси од сите домашни и интернационални избори за убавина, таа се враќаше со титула Мис или придружничка.
Кристина, откако лани во февруари го роди синот Давид е посветена на семејството и ја стави во мирување манекенската кариера.
„ Секогаш сакав да бидам млад татко“ – напиша Кајмакоски на својот фејсбук профил кога му се роди синот.
Секогаш сакав да бидам млад татко, изјави Даниел во февруари лани, кога му се роди синот
Даниел и Кристина се заедно повеќе од три години. На почетокот, ја криеја врска од јавноста, а потоа објавија заеднички слики на инстаграм профилот на Даниел, од Струга. Кајмакоски и сега често споделува убави семејни моменти на социјалните мрежи.
“Давид е прекрасен. Многу е мило и слатко дете, секогаш насмеано. Дај боже цел живот да е така. Навистина сме благословени со него. Фала му на Бога, досега не видовме никаква родителска мака. Сè уште не знаеме какви се тие недоспиени ноќи. Можеби второто дете ќе ни наплати за сè . Само нека се живи и здрави, тогаш сме и ние среќни“, изјави Даниел за Женски магазин. (М.Џ.)