Од модел до линија за убавина: Како Меланија Трамп се збогати без помош на нејзиниот сопруг
„Имам многу идеи. Студирав архитектура и дизајн,
затоа многу сакам дизајн и мода“: Ова се
зборовите на Меланија Трамп, кои таа ги изговори во 2011 година, кога повторно
ја промовираше својата профитабилна линија за накит, која беше распродадена
само неколку минути по нејзиното објавување. Нејзиниот брак со Доналд Трамп
секако и помогна да го подигне статусот, но таа секогаш била силна деловна жена.
Од нејзината работа во светот на модата, па сè до
линиите за нега на кожа со кавијар, Меланија е една од најбогатите жени на
американските претседатели. Имајќи предвид дека не добила пари за улогата на
Прва дама на САД, нејзиното богатство, проценето на 50 милиони долари, било
заработено пред сопругот да се пресели во Белата куќа. Ви откриваме како таа го
сторила тоа:
Модел
Од Милано до Париз, Меланија направи свое име кога стана манекенка на само 18 години. Таа брзо се најде на насловните
страници на бројни списанија, како што се Vanity Fair, Allure и Harper's
Bazaar. Во 2005 година, таа се најде на насловната страница на магазинот „Вог“
во нејзината венчаница.
Достапен
накит
Рекламирани како луксузни парчиња со достапни
цени, накитот што го дизајнираше Меланија е инспириран од градовите во кои
живееше: Париз, Палм Бич и Њујорк. Еден часовник е моделиран по „циклус на
животот“ и се нарекува Trump Tower. Сите парчиња чинат помалку од 200
американски долари, а повторното лансирање на нејзината линија е распродадена,
непосредно пред нејзиниот сопруг да ја објави својата кандидатура за
претседател.
Производи
за нега на кожата со кавијар
Медиумите посветуваа многу внимание на нејзината истоимена луксузна колекција на производи за нега на кожата, но на крајот, нејзиниот опсег не излезе во продажба заради правни борби со компанијата со која се здружи. Меланија од договорот доби 250.000 долари, а подоцна се реши да се спогоди надвор од судот кога ја тужеше компанијата за оштетување на угледот на нејзиниот бренд.
Исто така, Меланија добила огромна исплата кога
страницата на Дејли Меил објавила статија во која се вели дека работела како
„деловна придружничка“ додека била модел. Според наводите, поради тој гаф, тие и
платиле околу 2,9 милиони долари оштета.
Лиценци за
фотографии
Наводно, во 2015 година Меланија добила помеѓу
100.000 и 1 милион долари од „Getty Images“ за користењето на сите фотографии со нејзиното
лице.
Недвижнини
А, што прави Меланија со нејзините пари? Па, таа инвестираше еден дел во еднособен стан во Трамп кулата. Зошто? Само тоа и нејзиниот финансиски советник го знаат тоа.
Извор: luxlife.rs
Ги издаде говорот на телото: Каков е вистинскиот однос помеѓу Меланија и Иванка Трамп?
(ФОТО) Навидум обичен деловен изглед: Меланија Трамп ова го носи на сосема ново ниво