Од роденден на породување: Име со посебно значење за синот на Сара Мејс и Димитар (ФОТО)
Пејачката и харфистка Сара Мејс и водителот и маркетинг менаџер Димитар Атанасовски вчера доцна вечерта објавија дека станаа родители на нивното второ заедничко дете.
Имено Сара која секојдневно беше во исчекување на синот, се породи, откако ѝ пукнал водењакот на роденденска забава на која присуствувале.
- Сара Мејс за малку ќе се породеше на детски роденден, ама ај тоа во наредна прилика ќе се раскажува- напиша Димитар на една од објавените фотографии, додека пак Сара им се заблагодари на сите за поддршката.
За братчето на малата Илина, тие избраа многу убаво име- Кирил. Ова име е со грчко потекло, а значењето му е господин, владетел. Постои мислење дека името има персиско потекло, поточно дека произлегува од древноперсиското име Курош , што значи „како сонце“.
Честитки!