,

Од сосема обичен ритуал за нега на кожа кој го правиме сите, до сериозни изгореници: Девојка советува да не го правиме ова пред сончање

Добивај вести на Viber

 Повеќето од нас дури и не замислуваат дека нешто слично може да се случи...

Девојка по име Хана, на „ТикТок“ сподели дека претрпела сериозни изгореници откако си направила ексфолијација (пилинг) на нозете пред да излезе на сонце. Затоа сега ги предупредува другите жени да не прават пилинг воопшто ако планираат да се сончаат.

„Не правете пилинг пред да излезете на сонце, освен ако не сакате изгореници од втор степен“, предупреди Хана.

На видеото на ТикТок, оваа девојка ги покажува нозете кои ѝ се многу црвени, со болни изгореници.

Потоа се снимала во болницата со изгорениците, и ги документирала сите проблеми низ кои минувала додека кожата ѝ заздравувала.


Пилинг за тело обично прават многу жени пред да нанесат производ за самопотемнување, пред депилација и е честа рутина кај повеќето жени, но клучно е да не го правите пред да излезете на сонце бидејќи пилингот ги отстранува мртвите клетки на кожата, што инаку би помогнале да се создаде заштитна бариера на нашата кожа.

- Пилингот отстранува фин заштитен слој од површината на вашата кожа, што ја прави кожата поранлива, особено од УВ зраците - рече д-р Гитика Митал Гупта, дерматолог.

извор:24sata.hr