Од успешен модел и манекенка, Ана стана лекар во Германија: Мојот пат не беше лесен, но заедно го чекориме со сопругот

Ана Коцева, една од нашите најангажирани и најубави манекеки, модните писти, фотосесиите, снимањата реклами и музчки спотови сега ги замени со нешто сосема друго. Таа веќе две години живее во Германија и работи како лекар во Црвениот крст. Вели дека уште како студент на Медицинскиот факултет во Скопје, сакала да научи за работните искуства од областа на медицината во повеќе земји.

Убавата Ана, од пред две години е мажена за својот долгогодишен партнер и сега живеат заедно во градот Bad Wildungen. Иако вели дека сонувала за голема свадба со најблиските, Ковид пандемијата ѝ ги сменила плановите.

- Отсекогаш, уште на факултет сум сакала да одам на конгреси во други држави.Ме исполнувало времето да научам нешто друго, пред сè мислам дека искуството е нешто што те прави побогат од сè. Планот за Германија го направив со мојот сопруг. Заедно решивме да си бидеме поддршкаа. Прво замина тој, а јас го посетував и потоа се преселив и јас. Мислам дека Германија како земја е многу студена и со многу правила и закони. Тоа што сме заедно тука сме многу посилни и мислам дека без тоа немаше да можам да живеам тука“, ни раскажа Ана и додаде:

- Се одлучивме за помал град, сметам за старт тоа е подобра опција. Голем град ми преставуваше само поголем хаос. Но, секогаш наоѓаме време да уживаме во заедничките прошетки, и откривање на нови места. Интересен факт е што мислам дека луѓето што се селат овде, Германија како земја ги учи да ја сакаат природата. Да октриваат нови места, од река до езерца и брани. Ние на пример секогаш пред сè би посетиле некој природен парк отколку добар локал .Иако сме од голем град, научени на хаосот кој го создава големиот град“, открива Ана.

За неа, Германија е земја каде што многу се работи и каде што навистина се бара посветеност. Вели дека некогаш главниот шопинг ѝ е до маркет, бидејќи се пазари најчесто на неделно ниво. Потоа со сопругот сака да се напие кафе во домашна атмосфера и денот полн со обврски брзо ѝ поминува.

- Само две години сум тука а сопругот повеќе, меѓутоа и јас скоро секој месец доаѓав и претходно. Не сакам никогаш да си дозволам да звучам како некишто си заминале и ја плукаат земјата од каде што дошле, колкуи да биле незадоволни. Бидејќи сметам дека секој длабоко во себе има парче од таа земја што секогашќе стои врежано“, вели Ана.

Раскажува дека Германија веќе станала земја што секој студент уште во процесот на студирање ја замислува како потенцијално место за живеење. Со нас го сподели своето искуство за нејзината работа како лекар за време на пандемијата.

- Бидејќи работам во здравствена институција, за време на пандемијата се правеа брзи ковид тестови секој ден или секој втор ден. Дезинфекција се вршеше секој ден, и секој здраствен работник мораше да биде вакциниран. Германија беше ужасна за време на пандемијата.

Сè беше затворено ,улиците беа празни. Иако тука веќе во 19 часот сите се веќе прибрани во своите домови ,замислете како беше тогаш“, се сеќава Ана.

Таа смета дека Германците не биле многу дисциплинирани како народ, и за време на божиќните празници се групирале, па така се ширела заразата, и покрај тоа што имало многу стоги мерки од типот на ограничен број на пристуни во дом, до тоа колку може да се пристунти членови кои се надвор од фамилијата.

Ана раскажува дека и таа се зарасила со Ковид за време на пандемијата.

Она што неа ја фасцинира во оваа земја е што Гермнаците многу обрнуваат внимание на одгледување на сопствен зеленчук овошје во дворовите.

- Многу се актулени маркети за семиња и цвеќиња. Јас откако сум тука и за време на пандемијата добив интерес за купување и одгледување на разни домашни цвеќиња“, вели Коцева и додава дека нејзиниот пат воопшто не бил лесен.

- Патот воопшто не е лесен ,како што и патот во Македонија исто не е лесен. Ќе кажам дека секој има и различен пат и искуство и среќа. Јас тука дојдов на заеднички пат со сопругот и заедничка одлука ќе биде ако се вратиме назад.

Искрено двајцата многу сакаме да шетаме ( а кој не сака нели) и се трудиме секое слободно време да го поминеме покрај некое езеро или во некоја погранична држава. Германија според мене е најубава зимно време. Сè е накитено, сè мириса на зима и се чувствува таа божиќна атмосфера. Божиќните маркети им се хармонични и бајковити. Вистинска зимска идила е.

На мене и на моите сестри омилено време ни е секогашоколу новогодишните празници, кога се кити елка и бозиќна атмосфера. Па, сега таа моја креативност и чуство ја споделувам и со сопругот“, раскажува Коцева.

Што се однесува до професијата по која е позната,  манекенските ангажмани, вели дека во Германијасè уште не се распрашала за работа во областа на модата, затоа што времето не ѝ дозволува, иако имала понуди кои не биле профитабилни.

Милица Џаровска

Фото: Приватна архива