,

Одамна не ја советувам ќерка ми: Весна Дедиќ има поинаков пристап кон родителството

фото:MIRKO TABAŠEVIĆ / instagram

Ќерката на Весна Дедиќ пред некој ден наполни 20 години. Гордата мајка испрати оригинална роденденска честитка на нејзината наследничка Ленка, која веќе неколку години живее во странство, каде што студира. 

 - 11 јануари, 20-ти роденден.. ѝ подарував сè повеќе слобода и сè поголема доверба на Ленка за секој роденден, бидејќи таа докажа дека сум во право кога тврдам: Женските деца не се воспитуваат со тоа што ќе им кажете што не смее да прави девојче, туку им се кажува што се' може да стори. 
Треба да се даде слобода наместо забрана. Користењето на слободата е поголема одговорност отколку почитувањето на забраните.
И глупавите, исто така, можат да ги почитуваат забраните, но да не го изневеруваат оној што ти дал слобода можат само мудрите и оние кои навистина сакаат - напиша Весна, и така, покажа дека секогаш ја учела својата ќерка да биде своја. 


- Ленка доби стипендија. Ми недостасува многу. Mи забрани да зборувам за неа, но можам да кажам дека сум навистина задоволна мајка - искрено изјави за медиумите писателката и автор на емисијата „Улица Балкан“. 

Таа има одлична врска со својата ќерка и зборуваат за сè, иако не се една покрај друга. 

-Одамна не ја советувам ќерка ми. Ја советував со слушање психолози од три до пет годишна возраст, ја воспитував. Таа оди по свој пат, па кога има бариера, тогаш ќе ѝ го кажам моето искуство, и оставам да види сама што ќе направи. Ленка сега е своја личност и тука сум многу емотивна. Јас ќе бидам нејзината финансиска поддршка уште една година, две, три - вели Весна Дедиќ, која, пак, ги слуша советите на нејзината ќерка.

- Безусловно ги следам советите на Ленка, од изборот на музика и шминка до живот и бизнис. Моето искуство и нејзиното чувство за моментот и духот на времето во кое живееме даваат многу добри резултати. Ниту една тема во нашата врска никогаш не била табу, а љубовта кон партнерот, семејството, пријателите и работата се најчестите теми на нашите разговори. Повеќе сакаме да зборуваме за тоа отколку за учење и мода - заклучи Дедиќ за „Блиц“.

извор:stil.kurir.rs