Одлична иницијатива: Град во Романија за 20 клекнувања ви дава бесплатно возење во јавен превоз

Во романскиот град Клуж постои таканаречена „здравствена картичка“ - ако направите 20 клекнувања (свотови) за две минути, можете да се возите бесплатно цела недела

Што би направиле ако не мора да плаќате за јавен превоз? Ако сте спремни да направите малку повеќе физичка активност пред да се качите во автобус, тогаш ќе ви се допадне идејата за клекнувања на станицатa.

Имено, романскиот град Клуж на своите жители им нуди можност да направат 20 сквотови и да се возат во јавен превоз бесплатно цела недела, пишува Romania Insider. 

Идејата за оваа „здравствена картичка“ потекна од организаторите на локален спортски фестивал минатата година, а во меѓувреме ја прифатија и властите на Клуж, град во Трансилванија, со цел да ги поттикнат жителите на ова место да бидат физички поактивни и да водат здрав живот.

Овој систем засега е имплементиран само на станицата Меморандумулуи Суд. И работи многу едноставно.

Доволно е да застанете пред машината за билети на обележаното поле и да се обидете да направите 20 клекнувања во рок од две минути.

Посебен сензор ќе ви ги брои повторувањата на оваа вежба, а доколку ја завршите во дадениот временски рок, од машината ќе излезе неделен билет за градски превоз. 

На овој начин ќе заштедите значителна сума на пари, бидејќи билетот за едно возење чини околу 0,5 евра.

Кога оваа акција за прв пат беше покрената минатата година, беше пресметано дека граѓаните и посетителите на Клуж направиле вкупно еден милион клекнувања за 3 месеци, што е околу 1.900 часа тренинг.

За своите напори добија 55.000 билети за градски превоз. Организаторите на оваа кампања за здрав живот очекуваат овие бројки наскоро да бидат повеќекратно надминати.


Фото и Извор: Romania Insider