Одлучив! Повеќе не те чекам!

Се убедував дека ќе те чекам, дека ќе се вратиш еден ден и дека ќе продолжиме таму каде застанавме. Деновиве, не ми доаѓаш повеќе во мислите, како некогаш. Болката заради која не можев да станам, исчезна.

Кога ми кажа дека сакаш да бидеме пријатели, длабоко во себе знаев дека секогаш ќе сакам да останеш во мојот живот. Сега мислам дека го можам тоа и заслужувам, да имам некој кој ќе се труди без оглед на сѐ. И покрај тогаш што во тебе бев заљубена повеќе од кого и да е во мојот живот, сакам да ти кажам дека е најдобро да продолжиме со своите животи. И да си одам од тебе. На крајот, надежта е единствениот начин кој не чува во фантазијата, во соништата дека пак ќе бидеме заедно. 

Ти си мојот сон кој се оствари. Ми покажа дека постојат луѓе кои светото го гледаат како мене, кои слушаат и сакаат како утре да нема да се случи. Ми ги отвори очите со новиот свет кој е позитивен и полн со задоволства. Благодарение на тебе, конечно почнав да го ценам времето.

Ти беше моето чудо, кога почнав полека да се откажувам. Беше во право кога ми рече дека треба да бидам благодарна. Се надевам, ќе ми поверуваш дека сакам да ти кажам благодарам, затоа што направи да се почувствувам комплетна. 

Сега се откажувам од тебе. Знам дека си среќен каде и да си, секогаш беше таков. Се надевам и јас ќе бидам среќна, наскоро. Ако некогаш повторно случајно се сретнеме или ако ми тропнеш на врата, можеби пак ќе одлучам да те примам во мојот живот. 

Сепак, денес одлучив. Престанав да те чекам. Никогаш не помислував дека ќе дојде тој ден, кога ќе посакам да си заминам од тебе.