Актуелно // Insta вести
„Одлучивме да се разделиме во љубов, со почит и достоинство поради нашите деца“: Рики Мартин и Џуан Јозеф се разведуваат по 6 години брак
Рики Мартин и Џуан
Јозеф се разведуваат по 6 години брак. Но тие ќе останат во добри односи поради
нивните деца.
Рики и Џуан ја имаат ќерката Лусија, родена во 2018 година и синот Рено, роден во 2019 година.
-Одлучивме да ставиме крај на нашиот брак во љубов, со почит и достоинство поради нашите деца, почитувајќи го сето она што го доживеавме како пар низ годините, изјави пејачот за медиумите.
-Нашата најголема
желба е да продолжиме да имаме здрава семејна динамика и врска заснована на мир
и пријателство, да продолжиме заедно да ги воспитуваме нашите деца, зачувувајќи
ја почитта и љубовта што ја имаме еден кон друг, велат тие.
Причините за разводот сеуте не се познати.
Фото: