Одморот на море прави чудо за душата и телото: Морската вода лекува подобро од апчиња
Морскиот воздух и морската вода се добри и за душата и за телото
Грците први го забележале лековитото дејство на морето. Популарната таласотерапијa, третман со морска вода, потекнува токму од нашиот јужен сосед. На грчките острови Родос и Крф таласотерапијата се применувала уште пред 2.500 години.
Таа се користела за лекување егзема, артритис, астма, псоријаза и болки во грбот. Хипократ ги открил лековитите својства на морската вода набљудувајќи го нејзиното влијание врз раните. Тој забележал дека водата го забрзува зараснувањето на раните, спречува инфекција и ја намалува болката.
Во Франција уште во средината на 19 век биле отворени центри за лекување болести со помош на супстанции добиени од морето и морската вода.
Кои се всушност придобивките од одморот на море?
Морето содржи елементи важни за нашиот живот - натриум, магнезиум, калциум, калиум, силициум, дури и сребро и злато. Морската вода продира длабоко во кожата и на тој начин го овозможува дејството на минералите и елементите. Морето содржи и алги кои се богати со минерални материи. Алгите долго време се сметаат за извор на здравје и убавина. Тие го поттикнуваат обновувањето на клетките, го подобруваат изгледот на кожата, го стимулираат метаболизмот, го зајакнуваат имунитетот, спречуваат воспаление, ја чистат кожата и помагаат да се отстрани целулитот.Морето поволно влијае при астма и алергии
Морската сол има антисептички и антихистамински својства, поради што е корисна за алергиски реакции на кожата. Педијатриска болница веќе долги години успешно користи бањи со морска сол за лекување и ослободување од алергии. Чистиот морски воздух, заситен со негативни јони, го олеснува дишењето и благотворно влијае врз луѓето што страдаат од астма.
Преку сончање го снабдуваме телото со витамин Д
Сончањето не само што носи убав тен, туку и не‘ снабдува со витамин Д, кој му е многу потребен на нашето тело. Неодамнешните истражувања потврдуваат дека тој игра клучна улога во спречувањето многу болести, вклучително и мултиплекс склероза и рак. За да добиете витамин Д, не треба да се сончате во најтоплиот дел од денот. Изберете утрински или вечерни часови за сончање. Имајте на ум дека кремовите за сончање ја инхибираат способноста на кожата да создава витамин Д.
Што друго има толку релаксирачки ефект како сонцето, благиот ветер и звукот на брановите? Одморот на море ни дава можност да заборавиме на секојдневните проблеми и целосно да се опуштиме. Докажано е дека магнезиумот, кој морската вода го содржи во висок процент, дејствува против стресот. Затоа, искористете го вашиот одмор за да се ослободите од вашиот најголем непријател.
Морето е идеално за спортски активности
Пливање, нуркање, сурфање, морски аеробик, одбојка на плажа... Одморот покрај море е идеален за спортски активности. Спортот и здравјето се тесно поврзани.
Морскиот воздух содржи негативни јони и озон кои поттикнуваат длабоко дишење и не‘ исполнуваат со витална енергија. Негативните јони го зајакнуваат имунитетот, ја подобруваат концентрацијата, ја намалуваат несоницата, депресијата, главоболката и заморот, поволно влијаат кај лицата со астма и алергии. Воздухот заситен со негативни јони може да се најде во шумите и планините, во близина на водопади, реки, океани и мориња.
Морето ги ублажува артритисот и болките во грбот
Благодарение на својот состав, морската вода ја ублажува болката, го намалува воспалението, опушта и го поттикнува ослободувањето на вишокот течности од телото. Затоа, пливањето во море им носи олеснување на луѓето што страдаат од ревматизам, артритис, болки во грбот и мускулите.
Морската вода го чисти телото
Зошто морската вода е одличен избор за чистење на телото? Бидејќи пливањето во морска вода ги стимулира функциите на органите кои ги излачуваат штетните материи од телото, како што се црниот дроб, бубрезите и кожата. Насобраните штетни материи почнуваат да се движат низ лимфата и крвотокот кон површината, а солта го олеснува процесот на излачување. Капењето во море ја поттикнува промената на материјата и чистењето на штетните состојки не само на кожата и сврзното ткиво, туку и на целиот организам.
Морето ги лекува кожните проблеми
Морската сол е невообичаено богата со различни состојки. Меѓу осумдесетте различни минерали, елементи во траги, карбонати и сулфати, има и калциум, калиум, бром, натриум, манган, магнезиум, јод, железо, флуор и силициумска киселина. Поради својот богат состав, морската вода благотворно влијае врз кожата и помага при многубројни кожни проблеми, како што се дерматитис, псоријаза и егзема.
Морето ги поттикнува креативноста и чувствата
Морето и воопшто елементот вода отсекогаш биле поврзани со креативност и чувства. Водата може да ги стимулира нашите емоции, интуиција, имагинација и креативност.
Има корисен ефект врз здравјето на очите
Сината боја на морето и погледот во далечина благотворно влијаат врз нашите очи. Ако поминувате многу време на компјутер, одморот на море ќе ви помогне да ги одморите.
Фото: unsplash
Извор: одморимозок