ОДНОС МАЈКА-ЌЕРКА: Прилика за трансформација
Без разлика на тоа колку животен стаж имате зад себе, некогаш изгледа , кога се работи за односот со мајката, не сме се поместиле од пубертетот. Уште и се лутиме бидејќи ни приговара поради начинот на водење на животот и домаќинството или изгледува како сме облечени. Ни смета и тоа што не можеме да прифатиме дека таа старее и дека заборава некои работи, а некои постојано ги фали, и дека паничи околу она што во нашето презафатено секојдневие и изгледа како ситница.
Накратко: се излудуваме една со друга. Односот со мајката е еден од најтрајните емоционални односи кој го остваруваме во животот, полн со поддршка и блискост, но истовремено и бара доста работи, преполн со турбуленции и очекувања, неретко „зачинет“ со замерувања и неопростувања односно чувство на отфрленост. Многу жени ќе признаат дека мајка им најмногу влијаела на нив и дека на многумина им ги одредила животните избори. Ништо чудно со оглед на тоа дека од раѓањето сме насочени на мајката. Во текот на растењето таа го обликува нашиот идентитет по пат на емоции, пораки и однесување, што го дефинира нашиот однос со друтите.
Врска која никогаш не престанува
Врската со мајката никогаш не престанува, дури ни по нејзината смрт. И тогаш несвесно го бараме нејзиното одобрување за своите постапки. Тоа е однос кој не можеме да го ставиме под тепих бидејќи , ако не се обидеме да ја разбереме и прифатиме својата мајка таква каква што е тоа ќе создаде однос на доверба. Веруваме дека постојат брзброј убави зборови кои можете да и ги кажете. Почнете од „Те сакам“ ....
Конфликтот е нова шанса
Во наша природа е да тежнееме кон хармонија. Но се случува судирот најчесто да го имаме токму со лица кои ни се најблиски. Школскиот психолог Марија Рот говори како мајките кон кои ќерките знаат да бидат груби и да им говорат навредливи зборови, мора да ги утешуваат говорејќи им како веруваат дека нивните ќерки се сигурни во тој однос и без разлика на тоа што го кажуваат претпоставуваат дека мајката ќе остане тука и понатаму ќе ги сака.
„Конфликтот не мора да биде нешто лошо, тој може да биде шанса за трансформација на односот. Мајките и ќерките во рамки на конфликтот имаат шанса да се прилагодат една на друга“, кажува Марија Рот и додава дека тој јаз знае да остане и во возрасна доба. На тој начин ќерките ги казнуваат мајките, и тоа најчесто затоа што на некое ниво ги доживеале недостапни.
„Ако за тоа не разговараат, работите воглавно остануваат исти бидејќи не веруваат дека може да се оствари вистински контакт“, вели таа.