Односот со мајка му го издава: 6 работи кои откриваат каков маж е вашиот партнер

Кога ќе го запознаете мажот, анализирајте каков однос има со мајка му, бидејќи тоа може да ви открие многу за него

Односот на мајката и синот може многу да открие за личноста на мажот, а тоа исто така влијае на неговиот однос со партнерката.

Добро познатиот Сигмунд Фројд зборуваше за поврзаноста на мајката и синот и со психолошка анализа дојде до заклучок дека мајката на својот наследник му ги пренесува своите емоции.

„Само односот кон синот носи неограничено задоволство на мајката. Тоа генерално е најсовршената врска помеѓу луѓето во која има најмалку амбивалентност. Мајката може на синот да му ја пренесе амбицијата што морала да ја потисне во однос на самата себе. Од него може да очекува да го задоволи сето она што ѝ недостасува во нејзиниот комплекс за машкост. Дури ни бракот не е безбеден, додека жената не успее од својот сопруг да направи свое дете и да ја игра улогата на мајка во односот со него“ - рече Фројд.

Поради тоа, блискиот однос со мајката кој се негува од детството во многу случаеви е одредница за вредноста на мажот, како и неговиот поглед кон светот.

Ја избегнува мајка му

Поминува многу малку време со мајка му и на некој начин ја избегнува, но не затоа што е заборавен, туку бидејќи нејзинито присуство му создава тегобии.

Може да ѝ пререче доколку го нервира, но сака да им удоволува на луѓето и не е многу самоуверен. Исто така, се плаши да ги ѝ искаже своите чувства, бидејќи смета дека така ќе ја вознемири или нема да добива многу внимание од неа.

Популарен е во друштвото, сите го сакаат, но тој не се вклучува многу во социјалните активности. Поради тоа, доколку вие сте дружељубиви, треба да знаете дека ова не е мажот за вас.

Тој може да биде малку пасивно - агресивен, но доколку се врзе за вас, бидете сигурни дека никогаш нема да ве остави. Потребно му е многу време за да се соочи со проблемите и кавгите.

Таа управува со неговиот живот

Забележавте дека вашиот партнер не може да одлучи ништо без одобрувањето на неговата мајка? Ваквиот маж ќе ве разгали, бидејќи верува дека сите жени се важни и треба да се ценат. Меѓутоа, проблем е тоа што во неговиот живот постои само една кралица, а тоа е неговата мајка.

Ваквиот маж е симпатичен и секоја е најдобар пријател. Никој нема лош збор за него. Има големо срце и е многу приврзан и верен. Меѓутоа, проблемот со него е тоа што секој негов потег во животот зависи од мислењето на неговата мајка. А, на вас ви е важно да одлучувате како двојка, зарем не?

Отворено ја мрази својата мајка

Тој е вреден работник, но не е во многу добри односи со својата мајка. Нивните кавги се секогаш бурни. Тоа е можно доколку го изнервирала, а можеби е така само затоа што таа е лоша личност. Меѓутоа, во некој момент толку го разочарала што повеќе не може да имаат добар однос.

Поради тоа, тој има грижа на совест, а тоа би значело дека вие во вашата врска би морало да се грижите за неговите потреби.

Тој е скршен лош маж, а жените го сакаат. Сака и тој, но до одредена точка. Сака кога се однесуваат како што сака тој. Затоа и постојано ги менува девојките, бидејќи ниту една од нив не може да се мери со него.

Се плаши да не ја разочара својата мајка

Има близок однос со мајка му, но таа не управува со неговиот живот. Наместо тоа има силен страв дека ќе ја разочара, па често од неа го сокрива својот став, особено доколку е нешто што таа не го одобрува.

Станува збор за истра личност која презема ризици, но доколку сте во неа во врска, ќе мора да се вклучите во неговите тајни потфати. А, тоа брзо станува здодевно.

Ваквиот партнер се други да и удоволи на својата избраничка, бидејќи не поднесува кавги. Меѓутоа, на крајот секогаш прави како што сака.

Потполно е зависен од мајка му

Поминува многу време со неа и иако таа не управува со неговиот живот, тој често се сложува и прилагодува на нејзините ставови. Неверојатно се блиски и таа е запознаена со сите негови проблеми во врската.

Тој ги почитува жените и трпеливо го слуша ставот на својата партнерка, но не е зрел за самостојно да донесува одлуки. Станува збор за маж кој прв ќе помогне на своето семејство, но е склон кон озборување. Со оглед на тоа дека секогаш е зависен од другите, на него му е потребна силна жена.

Неговата мајка му е најдобра пријателка

Доколку е пријател со мајка му, но и покрај тоа и кажува кога го вознемирува, тој е полн со самодоверба и е самоуверен маж.

Ужива во романтичните односи. Доколку сте пасивни и несигурни, тој е вистинската личност за вас. Неговата мајка најверојатно знае повеќе за неговите врска, отколку што би сакале неговите партнерки.

Меѓутоа, доколку неговата мајка не ја сака неговата партнерка, тој не обрнува внимание на тоа.

Тој има многу пријателки од женскиот пол, што би можело да биде причина за љубомора, но кога ќе се поврзе со некој, верен е до самиот крај.