Одговор на прашањето кое сите го поставуваат: Дали Лепа Брена е љубоморна на првата жена на Боба?
Една од најпознатите двојки од естрадата секако се Лепа Брена и Боба Живојиновиќ. Тие двајца во секоја смисла ги искористија своите животи максимално, а иако зад себе има успешна пејачка кариера, Лепа Брена успеа да стане симбол на сите времиња.
Меѓутоа, покрај тоа што тие двајца веќе со години се во брак, што уште во самиот почеток изгледаше идеално, голем број луѓе знаат дека Боба беше во брак пред Брена. Во тој брак, Боба и неговата сега веќе поранешна жена Зорица, добија син по име Филип.
Она по што Филип стана навистина познат, освен по тоа што е син на Боба, е фактот што се ожени со една од најпопуларните пејачки од естрадата, Александра Пријовиќ. Изгледа дека на овој потег на Филип му завидуваат многу мажи.
Што се однесува до првата жена на Боба, таа подоцна се премажи, а во другиот брак повторно доби син, на кој му го даде името Марко, добро познат магионичар во кошарката кој настапува за мадрискиот Реал Мадрид и уште една ќерка по име Ива. Она што е несекојдневно за ова семејство е фактот што сите меѓусебно се почитуваат и согласуваат, а не е ретка појава ни да се посетуваат.
Поради тоа не изненадува тоа што се споменува дека Брена и првата сопруга на Боба имаат добар однос. Ова навистина ја интересираше целата јавноста, меѓутоа тоа е вистина. Тие двете внимаваат една на друга како да се родинини и се посетуваат секогаш кога ќе бидат во можност. А, да не зборуваме за тоа дека постојано се слушаат на телефон и си разговараат.