Официјално отворен новиот салон на Volvo Cars Macedonia

Добивај вести на Viber

Volvo конечно доби свој дом во Македонија. Во пригодна и свечена атмосфера, вчеравечер и официјално беше отворен новиот салон на Volvo Cars Macedonia.

Салонот е изграден според највисоките Volvo Retail Experience стандарди и претставува симбол за нов, свеж почеток на брендот Volvo во Македонија. Освен што е салон за автомобили, замислен е како еден дел од Шведска во нашата земја во кој можете да го почувствувате, допрете и вистински да го доживеете шведскиот бренд и да имате уникатно искуство.

Покрај новите простории, гостите имаа можност одблиску да ги видат автомобилите кои се дел од понудата на Volvo. Еден од нив беше и најновиот модел V60 во Cross Country изведба, а него го придружуваа V90 CC и целосната XC гама.

Свое обраќање имаа директорот на продажба, Деан Јадровски и Даниел Тројак – менаџер на продажба за Адриа регион.

„Да се претставува Volvo како бренд претставува огромно задоволство, но истовремено е огромен предизвик и обврска. Токму за да одговориме на ваквиот предизвик, ја направивме оваа инвестиција која претставува клучен чекор напред за позиционирањето на Volvo како бренд на нашиот пазарт и фаќање на чекор со најновите светски стандарди за продажба на возилата од премиум брендовите.

Како групација сме горди што додаваме бренд како Volvo во нашето портфолио и сигурни сме дека растот кој Volvo го има во светски рамки изминативе години, ќе го пресликаме и на домашниот пазар.

Веруваме дека преку новиот Volvo центар кој го изградивме, многу подобро ќе се запознаете со брендот и практично ќе го доживеете и почуствувате значењето на Volvo. Новиот салон ги исполнува највисоките стандарди на Volvo Cars, тимот кој го води Volvo во нашата земја е висококвалификуван и искусен и веруваме дека сето ова ќе произведе одлични резултати.

Се надевам дека со сите вас од утре повторно ќе се видиме во нашиот салон како би станале горди сопственици на најдобриот автомобилски бренд во светот – Volvo“, истакна Јадровски.

Со овој потег, Премиум АГС го поставува Volvo на цврсти нозе во нашата држава. Покрај просториите за продажба на нови возила, во склоп на центарот се наоѓа и сервисниот дел, кој е опремен со последните технологии и тестери на Volvo.