Огнен Амиџиќ ги запозна синовите: Емотивна средба на наследниците на водителот на Пинк (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Сопругата на Огнен Амиџиќ објави емотивна фотографија!

Водителот Огнен Амиџиќ и неговата партнерка Мина Наумовиќ неодамна станаа родители, а својот син го крстија Перун. Оваа среќна вест израдува многу нивни фанови кои им испратија прекрасни подароци.

Мина на својот Инстаграм профил сподели емотивен момент од нивниот дом, на кој се гледа како Перун поминува време со својот постар брат Матија, синот на Огнен од претходниот брак.

Имено, во описот на фотографијата, Мина им се заблагодари на сите за подароците, нагласувајќи ја поддршката што ја добиле од околината.

- Драги луѓе, ви благодариме на сите за прекрасните подароци што ни ги испраќате - напишала Мина во описот на фотографијата.

За потсетување, Огнен неодамна ги сподели емоциите пред средбата на неговите два сина, и призна дека едвај чека да се сретнат двајцата и дека верува дека овој момент ќе биде посебен.

-Едвај чекам Матија да го запознае својот помал брат, мислам дека и тој не може да чека. Природата е чудо, мислам дека ќе биде посебно штом се видат – рекол тогаш, пренесе Блиц и додал:

- Кога станува збор за важни работи, деца, секогаш имам стравови. Важно е само да е здрав и се да е во ред. Мина е поинаков тип. Лесно поднесува сè, брзо се снаоѓа. Таа ми го олеснува животот и тоа е совршено.

Фото: Инстаграм