Огнен Амиџиќ стана татко по втор пат: Мина роди син, името на наследникот има неверојатно значење
Сопругата на Огњен Амиџиќ, Мина Наумовиќ се породи и роди син. Како што пренесуваат медиумите, наследникот ќе се вика Перун.
Патем, Перун било името на врховниот Бог во словенската митологија, господар на громот и дождот. Од ова име потекнуваат имињата Перунка и Пека.
Да потсетиме дека Огњен и Мина се запознаа и се вљубија откако тој се разведе а таа почна да работи во неговата емисија „Амиџиќ шоу“. Раѓањето на синот ја круниса големата љубов која се роди меѓу Огњен и неговата убава колешка Мина.
Тие неодамна во тајност го кажаа судбоносното „да“.
- Вистина е, се венчавме. Не сакавме да биде бучава и го задржавме чинот за себе. Веќе бевме во брак, сега е само на хартија. Сакав Мина да го има истото презиме како мене и сега го има моето презиме, она што го остави на Инстаграм и своето – тоа ве лаже, знаете (се смее). изјави Огњен.
Фтото: Screeshot