OLAPLEX производите се безбедни и ефикасни во намалувањето на оштетувањето и регенерација на косата
Во врска со неодамнешените случувања поврзани со брендот OLAPLEX и наводните обвинувања дека производите на OLAPLEX се поврзани со појавата на опаѓање на косата, Дакалама Нет, официјален увозник и дистрибутер на брендот OLAPLEX за Македонија, сака да ги извести своите клиенти дека OLAPLEX категорично ги отфрла лажните наводи и воедно да ги увери своите клиенти дека производите на OLAPLEX не предизвикуваат опаѓање или оштетување на косата, ниту пак се на било кој начин поврзани со оваа појава. OLAPLEX производите се безбедни и ефикасни во намалувањето на оштетувањето и регенерација на косата и ова со задоволство го потврдуваат милион наши клиенти ширум светот.
За да го поткрепиме ова тврдење, OLAPLEX јавно ги објави резултатите од испитувањата направени од страна на независни лабораториикои ги надминуваат и индустриските стандарди. “Ние веруваме во безбедноста и ефикасноста на нашите производи”велат првите луѓе на OLAPLEX. (линк од резултатите https://olaplex.com/pages/testing-results)
Техничките експерти и научниците кои стојат позади брендот OLAPLEX објаснуваат дека постојат различни причини за оштетување или опаѓање на косата, како што е на пример самиот начин на живот, разни здравствени состојби, медикаменти, лекови и одредени суплементи. Исто така, опаѓањето на косата може да биде последица од прележување на КОВИД, заради некои состојби на кожата и скалпот и многу други причинители. Затоа, секој кој што се соочува со појава на опаѓање на косата треба да се консултира со својот стилист и дерматолог бидејќи тие најдобро ги разбираат уникатните потреби на косата и скалпот на нивните клиенти. (линк видео https://www.youtube.com/watch?v=lToGYrMENYU)
“Поплаките како оние наведени во овој напис, за жал, се животен факт во нашата индустрија и со години се поднесуваат против други брендови во оваа категоријата. Подготвени сме енергично да ја браниме нашата компанија, нашиот бренд и нашите производи од овие неосновани обвинувања“ појаснуваат од OLAPLEX.
*пр-објава