ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Моќни пораки од Опра за жените

Опра Винфри има на што да биде горда и сосема заслужено е идол на многу жени ширум целиот свет, а исто е почитувана и од многу мажи. Таа е телевизиска водителка со сопствено ТВ шоу, филантроп, актерка, продуцентка, а воедно и една од највлијателните жени на планетата

Еве неколку нејзини цитати за жените и за животот воопшто:

„Биди кралица. Имај храброст да бидеш различна. Биди пионер. Биди лидер. Биди жена која се носи со сè во животот. На предизвиците одговори секогаш, храбро и одлучно. Не плаши се. Прифати ги ризиците! Барај ја вистината и владеј во своето кралство, каде и да е е, во твојот дом, во твојата канцеларија, во твоето срце полно со љубов. Биди кралица. Биди нежна. Секогаш нека те водат нови идеи, уживај во тоа што си жена… Јас ќе се молам за тоа да не го губиме времето како неинтересни и просечни… Ние сме господови деца-овде сме за да го научиме овој свет да сака… Не е важно низ што си минала, од каде си и кои се твоите родители, не е важно ни твоето место во општеството или економската положба. Ништо од тоа не е важно. Важно е дека избра да сакаш и да ја покажуваш својата љубов низ твојата работа, твоето семејство… Биди кралица! Не одрекувај се од својата моќ и слава!

„Не се гледам себеси како кутра, отфрлена девојка од гето која успеала. Се гледам како личност која уште од раната возраст била свесна дека е одговорна самата за себе и дека мора да успее.“

„Претворете ги вашите рани во мудрост.“

„Најголемата авантура која може да ви се случи е да го живеете животот од вашите соништа.“

„Израснав со вербата дека извонредноста е најголема одбрана од расизмот или сексизмот. Токму така оперирам во животот.“

„Има многу работи кои треба да си ги докажам себеси. Една од нив е дека можам да го живеам својот живот без стравови.“

„Страста е енергија. Почувствувајте ја моќта која доаѓа од фокусирањето на она што ве возбудува.“

„Освен ако не правите големи дела, не е важно колкава моќ имате.“

„Она што навистина го сакате е да сте опкружени со луѓе кои ги сакате и цените и луѓе кои ве вреднуваат вам. Токму тогаш вие сте вистински богати.“

„Колку повеќе го славите својот живот, толку повеќе имате што да прославите.“

„Не можеме да станеме она што треба да бидеме останувајќи она што сме.“

„Давањето сè од себе во овој момент ве става во подобра положба во наредниот момент.“