Ослабе до непрепознатливост, беше миленичка од „Ѕвездите на Гранд“: Крстиња сподели прва фотка од бебето

Добивај вести на Viber

Пејачката Крстиња Тодоровиќ, која на пошироката јавност и е позната по учеството во „Ѕвезде Гранда“, пред неколку дена се породи и на свет донесе ќерка.

Крстиња ја криеше бременоста од јавноста, а наследничката ја доби со своето момче Борис.

Девојчето по раѓањето го добило името Дуња, што Крстиња го потврди и на социјалните мрежи, а веднаш следеле честитки.

Пејачката сега ја покажа првата фотографија од наследничката заедно со песната „Долази љубов“ на Марија Шерифовиќ.


Инаку, Крстиња лани ослабе речиси 100 килограми, за што на големо се пишуваше и зборуваше.

Таа изјави дека е многу горда на новата линија на која работи долго време.

Да потсетиме, Крстиња се разведе од сопругот пред повеќе од две години, по четири години брак, за што јавно проговори.

-Немам проблем искрено да зборувам за се, нема да бегам да кажам ништо. Никогаш нема да кажам дека мојот сопруг е лоша личност или дека имало трето лице. Едноставно не ни успеа, не ни се допадна и тоа е единствената причина. Не погрешивме еден со друг и тоа е единствената вистина – изјави тогаш таа за „Гранд магазин“.



Foto: Screenshot TV Grand) • Tv Grand / screenshot