Ослабела 50 килограми, а никогаш не држела диета

Добивај вести на Viber

Луѓето често ja прашувале како изгубила 50 килограми, што јадела, кои вежби ги практикувала, а нејзиниот одговор е едноставен - никогаш не сум била на диета. Џесика Герлок од Онтарио, Канада денес инспирира илијадници девојки ширум светот, а нејзината тајна кога е во прашање исхраната е исто така едноставна - контролирана порција со здрави намирници. Таа вели дека најголемиот проблем е да се промени аголот на размислување. Во продолжение прочитајте ги нејзините совети!

Заборавете на диети 

Дури и не го ни сакам зборот диета. За мене „немој да го јадеш тоа“ значи токму спротивното. Научив да јадам правилно. Почнав сѐ повеќе да готвам храна и престанав да јадам во ресторани. Дури кога сами си готвите, тогаш сфаќате кои состојки ги внесувате во организмот. Исто така, го воведов правилото последниот оброк да ми биде во 20 часот, но ако имам желба за слатки, би ја задоволила и би продолжила понатаму.

Вежбајте со тегови 

Кога прошетав во теретана, немав поим ништо да користам освен патеките за трчање. Потоа изнајмив професионален тренер кој ме научи на важноста на тренирање со тегови. Научив со изградбата на мускули да согорувам масти.

Јадете јаболки 

Како што вели една стара поговорка „Една јаболка дневно ќе ве држи подалеку од доктор“. Јаболките се најдобар трик за губење на килограми. Тие ја задоволуваат желбата за слатки, но може да го угасат и гладот. Можете да додадете масло од кикиритки на јаболката и да си направите одлиичен оброк после тренинг.

Останете позитивни 

Не се сите денови совршени и никој на светот не е совршен. Морате да знаете да станете штом еднаш ќе паднете. И ако некогаш потклекнете, важно е да почувствувате каење и понатамошна желба за слабеење. Важно е да не се откажете и да продолжите да се придржувате до првичните правила, правејќи се дека ништо не се случило. 

Спијте 

Само спиењето секако нема да ви помогне да изгубите калории и килограми, но е многу важна комбинацијата на вежбање, здрав начин на живот и спиење. Премалку сон може да го забави метаболизмот и да го зголеми апетитот.