,

Oслабев 85 килограми, а јадев сè: Променив само една работа, поради која многу луѓе не можат да намалат тежина

Добивај вести на Viber

Ешли Смит (37) од Алабама, како дете имала проблем со тежината, а еден ден решила да ги преземе работите во свои раце и од корен да го промени својот живот

„Ја испробав секоја можна диета на овој свет и бев посветена и брзо слабеев. Но, штом јадев недозволена храна неколку дена, тежината ќе се вратише двапати", се сеќава Ешли.

Најтешкиот период бил кога останала бремена, бидејќи не се грижела за својата исхрана: „Мојата тежина достигна вртоглави 160 килограми во тоа време“, рече оваа жена.

По раѓањето на нејзината ќерка во 2014 година, Ешли била сигурна дека доењето ќе и помогне да ги изгуби вишокот килограми, но се случило спротивното: „Гладот ​​за доење, во комбинација со постпартална депресија и анксиозност, ме натера само да добијам поголема тежина, што ме натера да ја влошам депресијата и вознемиреноста“, вели Ешли.



Во тој момент сфатила дека треба прво да се грижи за своето ментално здравје за да биде психички подготвена за диета и тренинг. Наоѓајќи го вистинскиот терапевт кој и помогнал да ја подобри својата врска со храната и часовите по зумба, оваа жена успеала да изгуби 85 килограми за 5 години:

„Во најлошиот период од мојот живот, ќерка ми имаше две години, а јас не можев да играм со неа, дури не можев да и ги врзам врвките начевлите. Беше многу поразително", рече таа.



Заедно со нутриционистот, тие направиле план за исхрана, кој вклучува многу овошје, зеленчук и зелени шејкови. „Ниту една храна не ми е забранета. Преку здрав начин на живот, научив што е умереност", изјави гордо Ешли за Womenshealt.


Фото: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира:

По страшната несреќа, Деа Ѓурѓевиќ ослабе неверојатни 30 килограми: Сега изгледа подобро од било кога + го откри менито