Ослабнете со протеинското смути на Џенифер Лопез

Добивај вести на Viber

Џенифер Лопез со своите фанови ја сподели тајната на совршениот изглед. Се работи за вкусно протеинско смути, кое пејачката го пие секое утро.

Состојки: Една рака спанаќ, една замрзната банана, 1 шолја млеко, 2 лажички путер од бадем и 1 лажичка протеински прашок. 

Сите состојки ставете ги во блендер. Измешајте ги додека не се направи мазна смеса. Пијте наутро или меѓу оброците. 

Секако, пејачката откри дека секој ден има тренинзи, кои ѝ помагаат да остане фит, но и да биде подготвена за напорните концерти. 

- Кога имав 20 години не го почитував своето тело и својот изглед. Затоа на помладите често знам да им кажам: „Ѕирнете во себе и погледнете се“ - изјави Лопез во една прилика.