Освен Севиља, планирани се уште два града, а еден ќе ве изненади: Анастасија и Гудељ приредуваат дури три свадби
Анастасија и Немања Гудељ веќе се венчаа во црква, а сега ќе прават три луксузни прослави
Иако најпрвин се појавија информации дека нововенчаниот пар Анастасија и Немања Гудељ планираат само една венчавка, и тоа интимна во Севиља, сепак тие како круна на својата љубов организираат три свадбени веселби.
Парот неодамна се венча во манастирот Рајиновац, во присуство на најблиските луѓе, но по црковната венчавка ќе организираат свадбени церемонии на кои ќе слават со пријателите и семејството, пишува „Курир“.
Освен во Севиља, сигурно е дека прославите ќе бидат и во два други значајни града за оваа двојка.
Имено, втората свадба сакаат да ја организираат во Требиње, родниот град на родителите на фудбалерот, Оливера и Небојша, а третата во Белград.
Како што дознава „Курир“, парот се решил на овој чекор за да ги испочитува сите гости, бројните роднини и пријатели.
- Младенците неодамна си се заколнаа на вечна љубов еден на друг во црква, а сега е време да прослават. Како што планираат, свеченостите ќе се одржат на дури три локации. И на двајцата им е важно сите членови на нивните семејства да бидат среќни и задоволни, како и нивните пријатели. Значи прославата ќе биде во три држави: Србија, Босна и Херцеговина и Шпанија. Ражнатовиќ и Гудељ се семејства кои сакаат да слават и тоа нема да им биде проблем. Немања и Анастасија веќе размислуваат за термините за сѐ да биде организирано како што доликува и согласно обврските кои спортистот ги има кон клубот. Не сакаат никого да оптоваруваат, туку презеле сѐ на себе - вели извор близок на парот, а според него тоа нема да биде класична свадба.
- Во Севиља ќе биде забава за пријателите и соиграчите на Немања од клубот, во Белград и Требиње за семејството и пријателите. Сега ги разгледуваат сите детали и наскоро ќе ја започнат организацијата - заклучува изворот за „Курир“.
Извор: glossy.espreso.co.rs