Бурма од 3.000 евра, венчаница „малку“ поевтина: Тајно се омажи ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ

Добивај вести на Viber

Анастасија Ражнатовиќ му го кажа судбоносното „да“ на својот избраник, фудбалерот Немања Гудељ.

Иако многумина се‘ уште зборуваат за гала венчавката на Вељко и Богдана Ражнатовиќ, која ја пренесоа сите локални медиуми, неговата сестра Анастасија Ражнатовиќ реши да се омажи далеку од очите на јавноста.

Таа тајно му го кажала судбоносното „да“ на својот избраник, фудбалерот Немања Гудељ, во манастирот Рајиновац недалеку од Белград. Невестата блескаше во необичен бел фустан кој беше преку едно рамо, додека на краевите имаше големи карнери, што беше само уште една точка на страната на елеганцијата. 

View this post on Instagram

A post shared by Svetski Radio (@svetskiradio)


Многу се зборуваше за бурмите за кои потрошиле 3.114 евра, но сега е откриено колку чинела венчаницата. Анастасија за овој животен повод носеше фустан „Ланвин“, а за него потрошила неверојатни 2.559 евра. 


Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ - screenshoot - стори